„Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека преговорите со ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајанир не довеле до договор, бидејќи условите што ги побарала компанијата биле оценети како неприфатливи за домашниот авиопазар.
Според Николоски, една од главните точки на несогласување било барањето за субвенции од 25 евра по седиште, што е значително повеќе од сегашната државна поддршка за авиопревозниците. Во моментов, државата издвојува по 9 евра за патник на скопскиот аеродром и 12 евра за патник на охридскиот аеродром, како дел од програмата за поттикнување нови авиолинии и зголемување на бројот на странски патници.
Тој посочи дека прифаќањето на вакви услови би значело создавање повластена позиција за една авиокомпанија, што би отстапувало од правилата под кои функционираат останатите оператори на македонските аеродроми.
Освен финансиската поддршка, според Николоски, компанијата барала и оперативни олеснувања. Меѓу нив било барањето нивните авиони да добијат приоритет при аеродромското опслужување, како и да бидат ослободени од дел од услугите што вообичаено ги користат авиокомпаниите, со образложение дека располагаат со сопствена опрема за качување и симнување патници.
Дополнително, како што наведе министерот, во разговорите било отворено и прашањето за преиспитување на дел од постојните авиолинии, што според него било уште една спорна точка во преговорите.
За летната сезона 2026 веќе се најавени нови и обновени линии од Скопје и Охрид кон повеќе европски градови, меѓу кои Неапол, Милано, Будимпешта, Вроцлав и Катовице, но соработката за авиосообраќајот со други нискобуџетни компании останува најчесто со Виз еир.
Од Министерството порачуваат дека интерес за нови авиопревозници постои, но дека државата нема намера да прифаќа услови кои би создале нерамноправна позиција во авиосообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Сиљановска Давкова: Словенија е наш најдоследен поддржувач…
Македонија и Словенија се две земји чии…
Во Турција приведени седум лица поради шпионажа
Турската разузнавачка служба (МИТ) откри меѓународна мрежа…
(Видео) Хаос во САД: Се судрија два…
Инцидент се случил за време на воздушното…
ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо да предлага „фронт…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на…