Пратениците гo намалија бројот на стипендии за социјално загрозени и одлични студенти!
По скратена постапка денес во Собранието беа донесени измените на Законот за студентски стандард, со кој покрај другите одредби, се менуваат и процентите на стипендии за студенти од социјални категории, попреченост и студенти кои постигнале особен успех во учењето.
Во членот 49 од Законот се менува ставот 10 и гласи:
„Од вкупниот број на стипендии од ставот (1) на овој член, 40% се за студенти од социјалните
категории и студенти со попреченост и ретки болести, 35% се за студенти кои се запишани на
студиски програми кои се од стратешки интерес за државата и 25% се за студенти кои постигнале
особен успех во учењето.“
Пред измените, членот гласеше: Од вкупниот број на стипендии од ставот (1) на овој член, 49% се за студенти од социјалните категории, 30% се за студенти кои постигнале особен успех во учењето, 20% се за студенти кои се запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и 1% се за студенти кои се запишани на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Законот го поднесуваат пратеничките Иванка Василевска, Каролина Несковска, Ангелинка Петкова, Даниела Христова, Катерина Димитровска, Лидија Петкоски и Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.
Во образложението за измените на законот се наведува дека:
Водени од потребата да се има јасност и недвосмисленост во доказите кои треба да ги приложат кандидатите за директор, како и подобрување на одредбите за стипендирање и воведување на нови одредби во однос на реконструкцијата на студентските домови, со предложеното изменување
и дополнување на Законот за студентскиот стандард се допрецизираат условите кои се потребни да ги исполнува кандидатот за директор на студентски дом, се допрецизираат одредбите за стипендирање и се воведуваат нови одредби во однос на реконструкцијата на студентските домови.
Со предложените измени и дополнувања се воведува системска класификација на студентските домови според годината на изградба на објектот, степенот на реконструкција или целосно реновирање и нивото на сместувачки услови, се уредува појасно моделот на финансирање, се прецизира работењето на домовите во услови на целосна реконструкција и се унапредуваат критериумите за доделување на студентски права.
Целосен текст на материјалот на следниот ЛИНК
На ова реагираше подмладокот на Левица. Нивната реакција во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…
Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…
Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…
Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…
Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…
(Видео) Студенти во „Гоце Делчев“ живеат со…
Според објавите на Стјудентарија, студенти од блокот…