Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија

t

Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам.

Како што објави британската Амбасада на својата Фејсбук страница, таа ќе ја преземе должноста во август годинава од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на должност од 2022 година.

Според нејзината биографија, Сиванјанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во Британската амбасада во Анкара, Турција.

Од 2023 до 2025 година ја извршувала и функцијата заменик директор на Самитот на Европската политичка заедница, кој минатата година се одржа во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Инцидент во близина на воена база во…

Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…