Дурмиши: Со новите предлог-измени за игри на среќа комарот го оддалечуваме од образовните институции
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа.
-За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, особено кога се работи за младите – рече министерот за економија.
Дурмиши потенцира дека ограничувањето од 500 метри не е политичка мерка, туку заштитна мерка. – Сме поставиле јасни правила бидејќи нема да дозволиме комарот да се рекламира како брз начин за да се збогатат или лесна заработка, особено во содржините кои влијаат кај младите. Целта е јасна – да се стави голема контрола и европски стандарди во борбата против оваа индустрија – рече министерот.
Со предлог-измените се очекува да се забранат и електронските игри на среќа бидејќи, како што посочи министерот, знаеме дека младите многу брзо можат да стигнат до нив.
-Како владин кабинет ќе сме против ова се додека кога целосно ќе ги отстраниме од нашата земја. И тоа го правиме. Првично, измените се првиот чекор. Го стеснуваме нивниот круг, ги оддалечуваме од местата каде што се младите и ги ограничуваме рекламирањето – рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Вучиќ победил во Куманово — Стоилковиќ ги…
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави…
Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години…
По повеќе од 12 години, македонското пливање…
Мерц ѝ честиташе на Студентската листа
Германскиот канцелар Фридрих Мерц им честиташе на…
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска
Со 19 гласови „за“, 63 „против“ и…