Директорот на СЗО: Живееме во тешки, опасни времиња
Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН.
– Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Гебрејесус на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот вирус Ебола.
Како што пренесе ДПА, главната цел на собранието, кое е највисокото тело за носење одлуки на СЗО, а која се однесува на усвојувањето на анексот за Пристап до патогени и споделување на придобивките (PABS) – клучен дел од Пандемискиот договор на СЗО – не се очекува да се постигне на овој собир поради недостиг на консензус меѓу земјите членки.
Во соопштението на почетокот на месецов, СЗО наведе дека системот PABS е наменет да обезбеди брзо споделување на патогени со пандемиски потенцијал, како и праведно и еднакво споделување на придобивките што произлегуваат од нивната употреба, како што се вакцини, дијагностика и терапевтските средства.
Финализирањето на Анексот PABS е неопходно за земјите да можат да продолжат со потпишувањето и ратификацијата на Пандемискиот договор, кој беше усвоен минатата година без овој анекс. Сепак, ратификацијата во поединечните земји може да продолжи дури откако тој ќе биде комплетиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдена дрога при претрес во Неготино, приведено…
На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино,…
Аларам во Европа: Повеќе од 240 случаи…
Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе…
Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција…
Колку пари може да се заштедат ако…
Тајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат…
Тајфунот Делфин се очекува да го погоди…
(Видео) Мицкоски објави видео по повод 35…
Премиерот Христијан Мицкоски објави видео по повод…