Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години
Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари.
Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со измените, како што беше образложено, се менуваат одредени термини од постојниот закон согласно новите законски решенија.
Собранието донесе Одлука за испраќање припадник на Армија на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европска Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
Собранието донесе заклучоци со кои констатира дека не се оправдани и нека потреба за автентично толкување на членови на неколку закони – Барањето за автентично толкување на член 5 ставови (2) и (3) од Законот за данокот на личен доход поднесено од пратеник Оливер Спасовски, Барањето за давање на автентично толкување на член 18 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, поднесено од пратеникот Зоранчо Јованчев, Барањето за давање на автентично толкување на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-2005/1 од 15.03.2024 година, Барањето за давање на автентично толкување на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-7116/1 од 16.12.2025 година и Барањето за давање автентично толкување на член 5, ставови (2) и (3) од Законот за данок на личен доход, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев.
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информира дека собраниската седница ќе продолжи утре во 12 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Европски избори“: Во Бугарија пријавени 193 изборни…
До 11 часот денеска, во структурите на…
Излезеноста во Србија до 11 часот е…
Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…
ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…
Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…
Стритинг: Велика Британија мора да биде подготвена…
Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…