Објавено на:

(Видео) Масакр во Турција, убиецот е во бегство — ја убил поранешната сопруга, а потоа кого стигнал

t

Најмалку петмина луѓе се убиени денеска, а седуммина се ранети, кога вооружен напаѓач отворил оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција, објави Би-би-си.

Осомничениот Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Арза О. (32) со огнено оружје, по што избегал со автомобил.

Потоа, тој наводно дошол пред ресторан во населбата Кадели, каде што од возилото отворил оган врз објектот.

Според извештаите, напаѓачот прво пукал во ресторанот, каде што убил најмалку двајца, а другите жртви настрадале на други локации.

По нападот, полицијата и жандармеријата започнале обемна потрага по осомничениот, со вклучување на копнени и на воздушни единици.

Мотивите за крвавиот поход сè уште не се познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужви на границите: На Богородица и Табановце…

Зголемена фреквенција на возила е забележана на…

Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива…

Вкупно девет пожари на отворен простор се…

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата од 5,7 падна на 2,3…

Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста…

Тела на хитлерови војници и возила излегоа…

Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано…

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна…

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка…