Ѓорѓиевски: Темелно се чисти коритото на Вардар
Темелно се чисти коритото на Вардар, бисерот на Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Изминатиов период, во тек е голема, координирана акција за расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје, заедно со пешачките и велосипедските патеки долж кејот.
Она што со години беше занемарувано и ја нарушуваше сликата за нашиот град, заминува во минатото.
Вардар е симбол на Скопје, негов белег и простор што им припаѓа на сите граѓани.
Ова не е еднократна акција, туку трајна практика.
Кејот се одржува секојдневно, затоа што скопјани заслужуваат чист, уреден и достоинствен град. Апелирам до сите граѓани да го чуваме она што е наше заедничко.
Реките, парковите и јавните простори се огледало на сите нас.
Вардар повторно ќе блесне со сјајот што му доликува на Скопје. – стои во објавата на Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…