Јакимовски за вчерашниот протест: Ми пречи што се користи „УЧК“, од сателит се гледа партиски декор
За вчерашниот протест на студентите Албанци по повод барањето за правосуден испит на албански јазик, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека е партиски, со оглед на, како што вели, декорот со вакви штампани натписи и дека очигледно зад него стои политичка партија.
-Мене лично ми смета при секоја потреба, за било какво прашање да разговараме, веднаш се апострофира УЧК односно се апострофира воениот дел од политичкото крило на ДУИ. Ние сите се надеваме дека таа работа веќе е завршена. Според мене, за се треба да се разговара и да се видат искуствата од другите држави, нормално да се консултираат и странски експерти. Нема ваљда да се тепаме за оваа работа…Во дадени моменти, се и смешни. Ние овие работи ги решаваме со политика, не ги решаваме со Устав. Јас сум поборник дека треба да се разговарра и да се побара помош од надвор, па да се најде решение кое ќе биде прифатливо и за средината, но и да ги видиме искуствата од надвор, кажа Јакимовски во емисијата „Само вистина“.
Лидерот на ГРОМ додаде дека од „сателит“ се гледа дека партии биле вклучени во протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…
Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…