ЕВТИНА СТРУЈА ОД ДВА НА ПЕТ ЧАСА? Претседателот на РКЕ – Ристов вели дека се прави анализа за искористување на хиперпродукцијата од фотоволтаиците
Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов.
-Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем кој ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори, која е далеку поевтина од онаа што ја произведува ЕСМ а државата ја субвенционира, да стигне до граѓаните. Ние сме во нов енергетски период. Енергетиката е динамична, а наша цел како регулатори е евтината енергија да дојде до домаќинствата, рече Ристов во интервју за емисијата Аргумент на ТВ24.
Идејата, нагласи, е да се искористи хиперпродукција на електричната енергија од фотоволтаичните централи и истата да се стави во систем за да може да ја користат граѓаните и зошто ако можеме да дозволиме проширување на евтината дневна тарифа, тоа да се направи од два на пет часа.
-Ноќната тарифа ќе остане, но може ќе се помести периодот- да ги видиме резултатите од анализата што ќе покажат, потенцира Ристов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Хутите се однесуваат многу лошо
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хутите,…
Платформата 12.05 бара Брисел да побара од…
Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја…
„Најмалку 25 години затвор!“ – газдата на…
„Најмалку 25 години затвор!“ – газдата на…
Распишана МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО ИВА МИХАИЛОВА
Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша централна…
(Видео) КАФЕ ПРЕД „ЛЕКУВАЊЕ“: ИВА МИХАЈЛОВА СНИМЕНА…
Ива Михајлова, за која во медицинската документација…