ПУТИН СЛЕТА ВО ПЕКИНГ: Започна официјалната посета на Кина
Претседателот на Русија, Владимир Путин, слета во Пекинг во рамки на неговата државна посета на Кина, пренесува РИА Новости.
Рускиот претседател беше пречекан од министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, како и со почесна стража и официјална церемонија.
Според програмата, по свечениот пречек, Путин треба да се упати кон резиденцијата за почесни гости.
Шефот на руската држава, на покана на кинескиот лидер Си Џинпинг, ќе престојува во официјална посета на Кина од 19 до 20 мај, по повод одбележувањето на 25-годишнината од Договорот за пријателство и соработка, изјави претходно Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.
Во руската делегација има осум министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров. Покрај тоа, во составот се и пет вицепремиери. Администрацијата на претседателот ја претставуваат Ушаков, портпаролот Дмитриј Песков и заменик-шефот на кабинетот Максим Орешкин. Во делегацијата има и претставници на повеќе руски компании, државни и приватни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПУТИН СЛЕТА ВО ПЕКИНГ: Започна официјалната посета…
Претседателот на Русија, Владимир Путин, слета во…
Ѓорѓиевски: ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред…
На редовната седница на Управниот одбор на…
ЕВТИНА СТРУЈА ОД ДВА НА ПЕТ ЧАСА?…
Идејата за анализата за блок тарифите е…
Светот се бори за бакар, Македонија има…
Падот на индустриското производство и намалувањето на…
ВМРО-ДПМНЕ се однесува како „обвинител од Тему“:…
ДУИ ја информирала целата локална и меѓународна…