Судир на шпионски мрежи во кабинетот на Сиљановска – што се случува со „Водногејт“?

t

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, дознава Инфомакс од сопствени извори. Неколку интересни групи на странски разузнавачки служби кои имаат свои позиции во Агенцијата за разузнавање и Кабинетот на Претседателот во последнава деценија веројатно работат повеќе за интересот на одредени странци, отколку за нашата држава.

Аферата е откриена случајно, а според нашите информации во целата приказна се замешани неколку лица, вработени во Кабинетот на Претседателката, како и најмалку две странски разузнавачки служби, едната од држава членка на НАТО, а другата служба е на соседна држава која не е членка на НАТО.

Според информациите со кои располагаме, сомнежот дека нешто не е во ред довел до соодветна пријава, најпрво до МВР, Агенцијата за разузнавање, а потоа во истрагата се вклучуваат и ОЈО ГОКК, како и Агенцијата за национална безбедност.

Според нашите информации едната од странските служби веќе признала дека имала нивен човек во кабинетот на Претседателот. За потребите на истрагата обезбедени се и снимки од безбедносни камери од Вила Водно.

Во аферата е вмешана е и вработена во Кабинетот на Претседателот. Истата е вработена во периодот кога претседател е Ѓорѓе Иванов.

2. Турски „асет“ во Вила Водно

Вработената за која постои сомневање дека споделувала информации со странски служби е позиција на турските служби. И информациите, за македонските надлежни органи се потврдени токму од Турската држава, како пријателска држава членка на НАТО. Засега нема информација дали и какви податоци биле споделувани со турските или други служби.

Информации, според изворите на Инфомакс, можно е да биле споделувани и со српската БИА и во овој случај скандалот е поголем, бидејќи Србија не е членка на НАТО, а важи за блиска држава и „прокси“ на Руската Федерација на Балканот.

Потврда од ОЈО ГОКК

ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвори предистражна постапка и веднаш ги презеде сите неопходни мерки и активности согласно своите законски надлежности.

Во рамки на постапката, до Основниот кривичен суд беше доставено Барање за издавање наредба за пребарување на компјутерски систем, со цел утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на Претседателката. Истовремено, беа издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални и лаптоп компјутери доставени до МВР од Кабинетот на Претседателката.

Дополнително, до Кабинетот на Претседателката беше упатено барање за доставување копии од видео записите од безбедносните камери поврзани со пријавениот настан, за периодот во кој истиот се случил.

На 30.12.2025 година, до МВР – Сектор за компјутерски криминал, како надлежен орган за откривање кривични дела и обезбедување докази, беше доставена наредба за анализа на екстрахираниот доказен материјал.

На почетокот на 2026 година, по добиено известување дека Кабинетот на Претседателката не располага со копии од видео надзорот, бидејќи опремата е набавена преку СОЗР, а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР, предметниот јавен обвинител се обрати и до СОЗР и до МВР за нивно итно обезбедување. Од СОЗР беше добиено известување дека институцијата не располага со видео записи, туку дека нивната надлежност се однесува исклучиво на набавка на опремата, додека чувањето и располагањето со копиите од записите е во надлежност на МВР.

И покрај тоа, од страна на МВР до денес не се доставени повратни информации, ниту известување за преземени дејствија во врска со обезбедувањето на копиите од видео надзорот.

На 16.03.2026 година, МВР достави известување за дел од преземените активности кои се однесуваат на обезбедување пристап до криптираните податоци од дотогаш екстрахираната компјутерска опрема. Воедно, до ОЈО ГОКК беа доставени и два мобилни телефони одземени од пријавениот, со барање за нивна екстракција во Истражниот центар на ОЈО ГОКК, по што веднаш беше издадена соодветна наредба за постапување.

Потоа, на 25.03.2026 година, имајќи ја предвид сериозноста и чувствителноста на предметот, јавниот обвинител до МВР – Сектор за компјутерски криминал достави наредба за анализа на податоците од мобилните телефони, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК. Дополнително, беше побарана и анализа на постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на Претседателката, со задолжение до обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази.

До денес, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, ОЈО ГОКК нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејствија, ниту за прибраните докази.

Првпат аферата во македонската јавност ја објави уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, со објава на социјалните мрежи на 23 март, како и во емисијата „Тешки муабети“.

View this post on Instagram

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

Деновиве во медиумите беше објавена „анонимна кривична пријава од група вработени во МВР“ во која се наведуваат дел од овие информации. Нејасно е зошто оваа група поднела кривична пријава кога во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе е отворена предистрага, во која е вклучен и Секторот за економски и компјутерски криминал при МВР, а за која предистрага веројатно информации имале и самите поднесувачи на пријавата.

Мицкоски: „глодари“ и „талог на општеството“

Мицкоски подносителите на анонимната кривична пријава ги нарече глодари и талог на општеството и истакна дека нема да ја коментира оваа тема.

-Тоа е шпионски талог на општеството и структури од минатото кои што се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери…Тие се претставуваат како група на вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира дека таму е Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Не би ги коментирал овие глодари бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме, кажа Мицкоски при поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров.

Оваа екипа која е поврзана со српската, турската и француската служба и има свои позиции во Кабинетот на Претседателот, Агенцијата за разузнавање, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за внатрешни работи е добро позната во македонската јавност. За истите како странски замешателства зборуваа и поранешниот рпетседател Ѓорѓе Иванов, како и поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Групата има членови кои се наоѓаат на високи позиции во претходно наведените институции.

Последно се поставува прашањето, што работи Агенцијата за разузнавање и дали некој ќе одговара што е дозволено со децении позиции на странски служби да работат во Вила Водно контра интересите на Македонија?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

Зајкова: Ни се потсмеваа пред една година…

По последните информации кои доаѓаат од Град…

Жицницата на Водно останува затворена додека ЈСП…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели…

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот…

Европското движење во Република Северна Македонија го…

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…