Муцунски: Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за државата – највисок износ во регионот
Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи.
Тој вели дека ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, вели Муцунски, тоа претставува признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата.
Согласно официјалната информација објавена од Европската комисија, средствата се одобрени во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оценка за спроведените реформски чекори. За нашата држава, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата. Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АФД ВОДИ! 1,7 милиони избирачи во германската…
АфД се очекува да освои околу 40…
Почна апсењето на пироманите: Полицијата приведе маж…
Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод…
МВР: Приведен возач од СОЗР, примил мито…
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат…
(Видео) Техеран: Оштетивме американски носач и разурнувач,…
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти…
Од 15 до 30 минути се чека…
На Граничниот премин Богородица, времето на чекање…