Осуден е лажен лекар од Охрид кој на жртвите за еден месец им зел 56.000 евра
Пет и пол години затвор доби измамникот П.С. од Охрид, кој е осуден откако во јануари годинава успеал да измами осуммина пензионери од Штип и Виница, лажно претставувајќи им се како лекар. Тој им се јавувал на луѓето по телефон и им кажувал дека нивни блиски роднини, деца или внуци, се тешко повредени и дека се итно потребни пари за операции. Од наивните жртви, П.С. за само еден месец успеал да земе 56.000 евра.
Според штипскиот суд, измамени се осуммина граѓани.
„(Осудениот) телефонски им се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти за штетата на својот имот, доведувајќи ги во заблуда и кажувајќи им дека нивната ќерка има скршеница на нога и оти е потребна итна операција и за тоа се потребни пари. Штетата за сите осум оштетени изнесува 3.472 906 денари или околу 56.000 евра“, соопшти Основниот суд-Штип.
Притворот за осудениот измамник ќе биде продолжен до правосилноста на пресудата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осуден е лажен лекар од Охрид кој…
Пет и пол години затвор доби измамникот…
Нуркачи од Македонија и регионот го чистеа…
Вкупно 80 нуркачи од Македонија, Србија, Хрватска…
Приведени седум странски државјанки, нелегално работеле како…
Полицијата привела седум странски државјанки во ноќен…
Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…
Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…
Општина Охрид со најава за нови повисоки…
Цените на услугите на јавните претпријатија во…