Запленети 66 пакувања марихуана во Стар Дојран: Полициска акција на граница
На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици во кои имало 66 пакувања со марихуана.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија.
Во врска со настанот, СВР Струмица изврши претреси на повеќе локации и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети 66 пакувања марихуана во Стар Дојран:…
На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен…
Си и Путин испратија заедничка порака до…
Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател…
Ученик во средно училиште нападнат од врсници,…
Во Аеродром бил пријавен физички напад врз…
Филипче: Не смееме да дозволиме српско и…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на…
Маѓар сака да ја прошири Вишеградската четворка…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека сака…