Објавено на:

Рубио ѝ нуди помош на Куба, но ги обвини властите за кризата

t

Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ во која понуди нови односи меѓу САД и Куба, најавувајќи помош од 100 милиони долари.

Во обраќањето по повод Денот на независноста на Куба, Рубио ги обвини кубанските власти за недостигот од струја, храна и гориво во земјата.

„Вистинската причина поради која немате струја, гориво и храна е тоа што оние што ја контролираат државата украле милијарди долари“, изјави Рубио.

Тој најави дека САД се подготвени да испратат храна и лекови во вредност од 100 милиони долари, но под услов помошта да ја распределува Католичката црква или други доверливи хуманитарни организации.

Од кубанската амбасада во Вашингтон остро реагираа, обвинувајќи го Рубио дека лаже и дека САД водат „сурова и немилосрдна“ политика кон островската држава.

Во меѓувреме, американски медиуми јавуваат дека администрацијата на Доналд Трамп размислува за поднесување обвинение против поранешниот кубански лидер Раул Кастро.

Вашингтон со години врши силен притисок врз комунистичката власт во Куба, а санкциите дополнително ја влошија економската криза и честите прекини на струја во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…