Објавено на:

„Судењето се претвори во циркус“: Родителите тврдат дека адвокати намерно ги провоцираат

t

Родителите на загинатите деца велат дека судскиот процес за пожарот во „Пулс“ се претвора во „циркус и хаос“, обвинувајќи дека одредени адвокати со провокативни настапи се обидуваат да ги испровоцираат семејствата и да предизвикаат нивно отстранување од судницата.

„На претходното рочиште, еден родител реагираше по изјавата на адвокат кој, коментирајќи снимка од трагичната ноќ на која се гледа момче како излегува од дискотеката, рече: ‘Како може да има 700 степени кога луѓето се шетаат како на пазар’“, изјави Александар Наунов.

По оваа изјава, родителот кој реагирал бил отстранет од судницата. Според Наунов, слични провокации имало и на денешното рочиште.

„Денес судницата повеќе наликуваше на пазар отколку на место каде што треба да се бара правда за 63 згаснати животи и стотици уништени судбини. Имаше надвикување од сите страни, постојани прекинувања и бескрајни дообјаснувања. Иронија, провокации и театрални настапи. Адвокати што се однесуваат како да водат медиумско шоу, а не постапка за трагедија што го зави Кочани во црно“, рече тој.

Наунов додава дека наместо фокус на одговорноста, процесот се претвора во „циркус од процедурални игри, договарања и обиди да се развлече, релативизира и замагли суштината“.

„Најпоразително е што сето тоа се случува пред очите на родителите, кои секое рочиште го преживуваат како повторен погреб. Ние не доаѓаме таму од интерес, ниту од политички причини. Доаѓаме затоа што нашите деца ги нема. А денес, и покрај присуството на обвинителите, оштетените и јавноста, чувството беше како однапред да се знае до каде смее да оди вистината, а до каде одговорноста“, изјави Наунов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…