Зајкова за навивачите на Шкендија: Исвиркување на државната химна не е спорт туку удар врз достоинството на Македонија

t

Лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова се огласи со реакција откако синоќа беше исвиркана македонската химна од страна на навивачите на Шкендија на финалето од Купот против Силекс.

„Исвиркување на државната химна и бојкотирање на церемонијата за доделување медали не е спорт, туку одраз на немањето големина да се прими пораз, како и удар врз достоинството на Македонија, како земја во која живееш и играш. Спортот не познава омраза, расизам и поделби по ниту еден основ. Спортот обединува.

И за да не се повторува веќе на ниту еден натпревар, спортска церемонија или што и да е од ниту еден навивач, група, управа итн. да исвиркува било чија химна или да пее навивачки песни со недолична содржина и говор на омраза, мора да има санкции и одговорност за сите кои се однесуваат недолично“, стои во пораката на Зајкова.

По натпреварот, кој Шкендија го загуби со 1-0, нивните фудбалери одбија да ги примат медалите. Иако спикерот на стадионот неколкупати ги повика и неговиот повик јасно се слушна, сега од Шкендија објавија соопштение во кое велат дека тие не слушнале, а во соблекувалната заминале по нови дресови бидејќи претходните им ги дале на навивачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зајкова за навивачите на Шкендија: Исвиркување на…

Лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова…

Шкендија се правда: Не одбивме медали, поради…

Соочени со потенцијална казна од Фудбалската федерација…

Шкендија поразена во Косово

Екипата на Шкендија го доживеа вториот европски…

ФФМ ја казни Победа за хаосот и…

Хаосот во Прилеп од минатиот викенд го…

Шкендија падна по продолженија кај Лудогорец

Екипата на Лудогорец патува во групната фаза…