(Видео) Ќе се менува Колективниот договор во здравство за да се заштитат болниците од тужби од вработените
Над 1.800 здравствени работници ги тужат државните болниците и државните здравствените установи во кои работат и побаруваат од нив над два мииони евра гарантираните додатоци на плата, како што се прекувремена и ноќна работа, работа во смени, работа во недела и на државни празници.
На денешниот брифинг со новинарите, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски рече дека заедно со Министерството за здравство имаат формирано работна група во која се вклучени репрезентативните синдикати за промена во делот на колективните договори кои се однесуваат на додатоците на плата. Тој објасни дека по направените анализи на овие тужби, кои се акумулирани од претходно до крајот на минатата година, има здравствени установи во кои вработените масовно ја тужат болницата во која работат како што е случајот со кумановската болница.
Според него, зад овие тужби стојат група адвокати и вештаци, заедно со еден независен синдикат.
-Работиме заедно со Министерството за здравство да ги отстраниме сите недостатоци во примената на законот и колективните договори, кои им овозможуваат на група на вештаци и адвокати и еден независен синдикат да наоѓаат сиви зони во толкувањето на законите, изјави Клековски на прес-конференцијата.
Тој објасни дека од анализата што ја направиле во ФЗО, околу десет до дваесет отсто од вкупно вработените во јавните здравствени установи ги тужат установите во кои работат, а дека над 70 отсто од тужбите се од општите и клиничките болници, каде пак забележале дека има и најамало давање на здравствен услуги.
-Најголем дел од овие спорови 70 отсто се во општите и клиничките болници. Најмногу тужби 317 има во општата болница во Куманово, а најмногу средства се побаруваат преку тужбите во Клиничката болница во Битола, изјави Клековски.
Тој ги повика директорите на болниците кои имаат тужби од вработените да ги применуваат колективните договори секаде каде се оправдани и да пристапат кон спогодби, за да ги избегнат адвокатските и судските трошоци.
-Ги повикуваме здравствените работници каде има ниска ефикасност на давање здравствени услуги да се откажат од судските спорови, бидејќи има здравствени установи кои имаат и најмногу додатоци на плата и со најголем број тужби и против сопствените установи, изјави Клековски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ќе се менува Колективниот договор во…
Над 1.800 здравствени работници ги тужат државните…
Меѓу осигурениците на Фондот за здравство во…
Според табелата на српскиот Фонд за здравствено…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Болниците да проверат резерви на хелиум!
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) упати итно…
Од 1 јануари „симболично“ ќе се зголеми…
Од 1 јануари 2026 година граѓаните ќе…