(Видео) Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин кај Бит пазар

t

Екипите на Град Скопје не успеаја во својата намера даго затворат неофицијалниот пешачки премин во близина на Бит-пазар, со поставување метална ограда, затоа што интервенцијата беше прекината поради силен отпор од група граѓани кои излегоа на терен и со жив ѕид го блокираа пристапот на службите.

Според очевидци, на локацијата се собраа претежно жители од Чаир и околината, кои реагираа бурно на одлуката преминот да се затвори. Тие инсистираа дека преминот се користи секојдневно и дека неговото укинување би им го отежнало движењето, поради што одбиваат да дозволат поставување ограда.

Градоначалникот на Скопје претходно најави дека просторот ќе биде трајно ограден, образложувајќи дека станува збор за нелегално и небезбедно преминување на коловозот. Според неговите изјави, иако имало барања од дел од локалното население преминот да биде формално регулиран, Градот ја отфрлил таа можност, повикувајќи се на безбедносни причини за сите учесници во сообраќајот.

„Имаше иницијативи од граѓани од тој дел на градот преминот да се легализира, но ставот на Градот е дека локацијата мора да биде затворена заради безбедност“, изјави градоначалникот во претходно обраќање.

Во текот на вчерашните и денешните случувања, протестите прераснаа во блокада на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, при што сообраќајот бил целосно запрен во одредени периоди. На терен имаше засилено полициско присуство, додека демонстрантите продолжија со спречување на работите, барајќи преминот да остане функционален како и досега.

На само триесетина метри постои натпатник, кој со години не е во функција, а градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски пред само два дена рече дека дивиот премин ќе биде затворен, а натпатникот ќе се користи. Но, и неговата состојба на некористење и неодржување е проблематична. Во него постојат и лифтови кои, исто така, не функционираат.

Засега дивиот преми останува отворен, а граѓаните на свој ризик ја преминуваат улицата, која редовно има густ сообраќај.

Видеото погледнете го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

ДУИ: Недим Рама, десната рака на Меџити…

ДУИ соопшти дека продолжуваат да го откриваат…

„Луфтханза“ целосно ги укинува летовите Франкфурт-Скопје

„Луфтханза“ ги прекинува летовите помеѓу Франкфурт и…

Малолетници со сечило барале пари од девојче…

Малолетници во Чаир со закана со остар…

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…