ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ за непрофесионално постапување на обвинителите Коларевиќ и Абази
Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази не воделе професионална истрага, туку политички мотивирана операција за спас на блиски луѓе до СДС и ДУИ. Официјалниот приговор на ЕСМ е директен доказ дека доказите биле селективно ценети, а клучни факти и сомнежи намерно игнорирани за да се затвори скандалот тежок 167 милиони евра за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Коларевиќ и Абази не ја прекинале истрагата затоа што немало сомнежи и докази, туку затоа што поради лични и семејни релациии одлучиле да штитат моќници блиски до СДС и ДУИ. Скандалозно е што обвинителството дел од доказите за кривичната одговорност неосновано ги иземало како изговор за прекинување на постапката, а истовремено не обезбедило ниту распит на Васко Ковачевски. Тоа не е правда, туку свесно компромитирање на постапката“, стои во партиското соопштение.
Од таму посочуваат дека приговорот на ЕСМ отвора сериозна можност истрагата повторно да се активира и конечно да се утврди кој го оштетил државниот буџет и во чиј интерес се носеле вакви срамни обвинителски одлуки.
„Приговорот на ЕСМ до Вишото јавно обвинителство дава правна можност за преиспитување на решението за скандалот Мазут и за корекција на ова контроверзно решение за прекин на истрагата од Коларевиќ и Абази. Приговорот на ЕСМ е нова околност според којашто прекинатата истрага за мазут може да продолжи, бидејќи ЕСМ е оштетено правно лице коешто ги побива изјавите на Коларевиќ и Абази како обвинителски тандем, којшто им дал повластена улога и им поклонил поголема верба на исказите на Капушевски, Јахоски, Адријан Муча, Ерџан Сулкоски, а воопшто го немале ниту достапен Васко Ковачевски. Обвинителството мора да одлучи дали ќе биде сервис на политички и бизнис-центри на моќ на СДС и ДУИ, или институција што гони криминал. Секој што учествувал во незаконитости мора да одговара“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕСМ конечно е во добивка од 449…
АД ЕСМ ја заврши првата половина од…
Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…
Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…
Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…
СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…