Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

t

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција.

Случајот бил утврден при заедничка контрола на тимовите од Корисничкиот енерго центар во Штип и специјализирана единица за откривање неовластени приклучоци, кои во текот на проверките констатирале сериозни неправилности на мерното место.

Според наодите, незаконското користење на струја траело подолг период, од јануари до почетокот на мај 2026 година. При увидот било утврдено дека интервенцијата врз мерниот уред опфаќала трифазно броило сместено во мерен ормар, при што биле скинати пломбите, а биле изведени и премостувања на проводници на една од фазите на влезот и излезот од броилото.

Од компанијата информираат дека за случајот е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи, согласно член 235-а од Кривичниот законик, а истовремено е изготвена и фактура за надомест на штета во износ од 150.610 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Менувале оцени за пари – Поведена постапка…

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…