Објавено на:

Уапсено 29 годишно лице поради објавено видео како брат му пука со пиштол

t

На 22.05.2026 во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш.

Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калибар 7.65 мм и меч со футрола, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…