(Видео) По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура – Синиша Ивановски, на својот Фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша:
„По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје.
Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град.
Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект „накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена.
Преземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности.
За старт се отстранија сите билборди и светлосни реклами (остана уште една светлосна на Хамза Донер кои одбиваат да ја извадат, истите доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат), потоа се отстранија сите информативни постери кои со години се напластени, се продолжува со генералната хигиена.
Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица.
Процесот на враќање на нормалниот изглед на железничката станица нема да е лесен процес, но да почнеме денес.
П.С.
Во склоп на објектот има станица на МВР, и нив им благодариме за секојдневната соработка и помош”- објави Ивановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Зимското сметање на времето може да влијае…
Преминот кон зимско сметање на времето повторно…
До 16 часот гласале 56,6 проценти од…
На парламентарните избори во Србија до 16…
Адвокат и изборен набљудувач претепан во Белград,…
Адвокат и набљудувач на изборите во Србија,…
Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…
Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…