Објавено на:

Постапка за телесна повреда и противправно лишување од слобода на матурантка од Битола

t

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, и го зел мобилниот телефон и не и дозволувал да замине.

Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација се обидела да го напушти возилото, но осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира. Ја внел повторно во автомобилот и продолжил да ја удира и со тупаници, предизвикувајќи и телесна повреда и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и со случаен минувач да побара помош.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство, фактот дека осомничениот и претходно се јавува како сторител на насилство и други кривични дела, како и особено насилничкиот и контролирачки порив кон младата жртва на што укажува начинот на извршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постапка за телесна повреда и противправно лишување…

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…

(Видео) Мицкоски: Народ кој не ја познава…

Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која…

Гаши од Ватикан со порака за 24…

Честитка од Африм Гаши, Претседател на Собранието…

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…

(Видео) Матурска прослава во Босна излезе од…

Матурската вечер во градот Цазин во Босна…