По затворањето на друштвото за брзи кредити, Влен ги охрабрува институциите да продолжат со контроли

t

Партијата Вреди ги охрабрува државните институции да ја продолжат борбата против финансиските злоупотреби и појавите што штетат на граѓаните. Ова денес го соопшти коалицискиот партнер во Владата, откако Министерството за финансии одлучи да му ја одземе лиценцата за работа на финансиско друштво за брзи кредити.

„Kреди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работата му ја одзеде лиценцата за работа, објавија медиуми.

Зад ова финансиско друштво стојат сопственици од Бугарија, а со одлуката на Министерството се затвораат и 40 негови филијали во земјава.

Министерството за финансии вчера објави дека е одземена дозволата за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски.

-Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво, соопшти Министерството за финансии.

Во контролите што годинава Финансии ги спровело во ндруштвата за брзи кредити, констатирани се повеќе неправилности и изречени 22 глоби за 16 друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности.

Од Министерството нјавија дека ќе продолжат со контрола на работењето на финансиските друштва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

Касами: Не сме за предвремени избори, но…

Градоначалникот на Тетово и еден од ко…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА

Партијата што го посеа коцкањето во секое…