Објавено на:

РК Охрид на чекор до прв европски трофеј!

t

Македонскиот ракометен клуб Охрид продолжу8ва да испишува историја и тоа на европската сцена. Охриѓани се на чекор до освојување на првиот клупски трофеј и тоа во ЕХФ Европскиот куп.

Во првиот меч од финалето одигран попладнево во Унгарија екипата на Охрид славеше над тимот на Татабања со 28-29.

Одлично македонскиот тим го почна натпреварот и постојано беше во предност. Во 14,.минута избраниците на Борис Ројевиќ имаа четири голови предност 2-6. Благодарение на одличниот Пилиповиќ кој имаше неколку брилијантни одбрани (8 прво полувреме), Охрид во 25.минута имаше и +7 (5-12). На одмор Охрид замина со пет голови предност пет гола (8-13).

По само две минути игра во второто полувреме при шест гола предност (8-14), Охрид остана со двајца играчи помалку поради исклучување. Тоа домаќините го искористија и ја преполовија негативата на 11-14. Сепак охриѓани пак се вратија на шест гола предност 18-24. Но ,во завршните 10 минути, на сцена стапија судиите кои со неколку исклучувања за охридските ракометари и дозволија на Татабања да се врати во игра и во 55.минута да дојде дојде до израмнување 26-26. Само две минути подоцна, односно 58.минута, унгарскиот тим и за прв пат поведе (28-27). А, во последните две минути вистинска драма. Иванковиќ покажа дека е во одлична форма, а Ѓукиќ на спротивната страна погоди за 28-29 на три секунди до крајот.

Иванковиќ и Ѓукиќ постигнаа по 7, а Гркот, Липас додаде поет голови за Охрид. Одличен на голот повторно беше Пичиповиќ кој заврши со 12 одбрани

Реванш натпреварот ќе се игра следната недела во веќе распродадената сала „Биљанини Извори“ во Охрид. Тоа ќе биде одлична можност Охрид да стане вториот тим по Алкалоид кој го освоил овој трофеј и тоа минатата сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…

Полициски службеници од СВР Охрид на 26…

Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…

Охрид на чекор да биде прогласен за…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…

Дрон со термална камера за првпат бараше…

Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…

Македонските аеродроми рушат рекорди – за само…

Во првите шест месеци од оваа година…