Објавено на:

Рамуш Харадинај се повлече по 26 години, Ардијан Џини е нов претседател на Алијансата за иднината на Косово

t

Ардијан Џини е избран за нов лидер на десничарската Алијанса за иднината на Косово (ААК) на вчерашното изборно собрание на партијата, откако долгогодишниот претседател Рамуш Харадинај поднесе оставка во февруари годинава, пренесува весникот „Коха диторе“.

Џини беше единствениот кандидат за функцијата на вчерашното заседание.

Харадинај упати кратко последно обраќање како претседател, во кое истакна дека од 2000 година, кога имал 32 години, му служи на Косово и на неговиот народ како лидер на ААК.

– Имав чест со ваша поддршка да бидам избран за пратеник на сите парламентарни избори и двапати за премиер. Ти благодарам, Алијансо, за нашиот заеднички пат – изјави Харадинај, додавајќи дека „службата за Косово никогаш не завршува“.

Тој изрази поддршка за неговиот наследник Ардијан Џини и нагласи дека има целосна доверба во неговото водење на партијата.

Новиот лидер на Алијансата за иднината на Косово од своја страна изјави дека Рамуш Харадинај не бил само претседател на партијата, туку и „симбол на Косово и симбол на слободата“, и побара поддршка од сопартијците за да го продолжи политичкиот пат на партијата.

На последните предвремени парламентарни избори во Косово, одржани на 28 декември минатата година, Алијансата за иднината на Косово, која е една од поголемите партии на етничките Албанци, освои шест места во 120-члениот парламент на земјата.

Во земјата претстојат нови предвремени парламентарни избори на 7 јуни, кои ќе бидат трето парламентарно гласање во рок од година и половина. Косово е зафатено од политичка криза од февруари 2025 година, придружена со долга блокада при изборот на претседател на парламентот и неуспешен обид за формирање влада.

На предвремените избори во декември 2025 година, Движењето „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти го обезбеди потребното мнозинство за составување влада, но неговите предлози за избор на претседател не ја добија потребната поддршка во Собранието, што доведе до распуштање на законодавниот дом и распишување нови избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Дали поранешен советник на Заев е вмешан…

Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…

Курти: Секој километар пат што нè зближува…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…