Левица: Една третина од енергетските иницијативи завршуваат кај фирма на кумот на градоначалникот
Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се на фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски, кој е во кумовски однос со Максим Димитриевски. Во оваа приказна се појавува и Александар Крстевски, поранешен раководител на Агенцијата за култура, а денес директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, велат од политичката партија Левица.
– Мора да се признае дека Драган Митевски покажува извонреден претприемачки инстинкт. Се чини дека речиси секоја економска можност успева навреме да ја препознае и да ја искористи. Така беше и со парцелата предвидена за „Лидл“, која, сосема случајно, се наоѓала во негова сопственост уште пред да стане извесно дека компанијата ќе инвестира во Куманово.
Факт е дека 16 од 48-те прифатени иницијативи, односно една третина или 33 проценти од вкупниот број, се поврзани со Драган Митевски. Таквиот удел навистина остава впечаток на исклучителна деловна успешност и способност за препознавање можности таму каде што другите не ги забележуваат.
Со оглед на ваквите резултати, можеби вреди да му се предложи да ги испроба своите способности и на светските берзи. Ако досегашната прецизност во проценките е показател, Куманово би можело да добие свој инвеститор кој ќе им конкурира и на најголемите имиња во светот на финансиите. А тоа што е во кумовски однос со Максим Димитриевски, се разбира, останува само интересна коинциденција. – стои во објавата на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…