„Стар е 40 години, а работниот век му е 30“ – Синдикатот на претпријатието од Белград со нови детали за излетаниот трамвај
Душан Савковиќ од Синдикатот на градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Центар“ вели дека трамвајот што денес излета од шините свртувал кон депото каде што се поправаат трамваите. Тој истакна и дека трамвајот е стар 40 години, а неговиот работен век е 30 години, пренесува Н1.
При излетувањето на трамвајот од шините во Белград и удирањето во зградата, повредени се 15 лица, кои биле пренесени во здравствени установи.
Овој трамвај, на линијата број „5“, одел кон Калемегдан, а како што јавува репортерот на Н1, не станува збор за активна сообраќајница, туку за пруга што води кон погонот „Дорќол“ на ГСП, каде што се поправаат трамваите.
Тоа го потврди и Савковиќ.
„Овој вкрстувач се користи само кога трамвајот оди на поправка, но тоа е некоја поголема поправка што бара подолго време. Полесните поправки се вршат во депото Сава, а потешките поправки се вршат овде“, рече тој.
Тој објасни и која брзина не смее да се надмине.
„Потребно е комисија од експерти да ги разгледа елементите на несреќата и тие ќе дадат извештај. Во ГСП постои правило дека на вкрстувања и свртници не се вози побрзо од 10 километри на час. Може и помалку, но тоа е правилото… Трамвајот, и ако дојде до некакви проблеми, не би имал големи последици, туку тие би биле многу поблаги“, рече тој.
Тој вели дека во Белград постојат 142 свртници и 59 вкрстувања.
„На годишно ниво важно е да се вршат замена и контрола. Сè мора да биде исправно за возењето да биде безбедно“, наведува Савковиќ.
„Овде има механичка свртница, но постои сигнализација за трамваите и точно се гледа кога е насочена кон депото“, дополнува тој.
На крајот заклучи дека споменатиот трамвај е стар 40 години, а неговиот работен век е 30 години.
„Мислам дека по ваква хаварија ќе биде отпишан. Тоа што ќе биде исправно, ќе се користи на други трамваи“, порача тој.
Инаку, Обвинителството во Белград соопшти дека наредило итен технички преглед на трамвајот, потоа да се изземат снимките од видео-надзорот, да се земат изјави од учесниците во сообраќајната несреќа и од други присутни граѓани, како и да се соберат сите други докази со цел утврдување на точната и целосна фактичка состојба.
Од ГСП наведоа дека човечкиот фактор е една од можните причини за несреќата, поточно неприлагодена брзина на движење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Стар е 40 години, а работниот век…
Душан Савковиќ од Синдикатот на градското сообраќајно…
Ивановски: Пругите се во очајна состојба, но…
Во септември е најавен стартот за проектот…
Со „ауди“ удриле во мотор на доставувач,…
На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје,…
Тошковски за „шпионската афера“ во кабинетот на…
Навистина сум изненаден од начинот на кој…
Може ли иницијативата на Мерц да го…
Нон пејперот на германскиот канцелар Мерц за…