Објавено на:

Словачка: Западен Балкан пред Украина во ЕУ процесот

t

Словачка ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но смета дека не треба да има забрзани процедури за Украина, изјави словачкиот претседател Петер Пелегрини.

Тој оцени дека државите од Западен Балкан кои подолго време спроведуваат реформи треба да имаат приоритет во процесот на проширување на ЕУ. Според него, Украина не треба да добива предност во однос на тие земји.

Пелегрини истакна дека секој чекор кон членство на Украина мора да биде строго условен со исполнување на јасни критериуми.

Во исто време, тој порача дека конфликтот во Украина не може да се реши со воени средства, туку единствено преку дипломатски преговори.

Слични ставови изнесе и словачкиот премиер Роберт Фицо, кој оцени дека Украина не може да го прескокне Западен Балкан во процесот на европска интеграција, и дека евентуалниот напредок треба да биде поврзан со мировниот процес.

Словачките претставници, како што наведуваат, се залагаат и за обновување на дијалогот меѓу Европската Унија и Русија, по завршување на војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…