Објавено на:

Русија предупреди на „системски напади“, ЕУ им врати: „Нашите дипломати остануваат во Киев“

t

Европската унија соопшти дека нејзините дипломати остануваат во Киев и покрај руските предупредувања за нови „систематски напади“ врз украинската престолнина.

Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, изјави дека ЕУ ќе продолжи со своето присуство и работа во Киев, оценувајќи дека руските закани „одразуваат очај“.

„Русија сака да предизвика страв и изолација, но тоа нема да успее“, порача Хипер на прес-конференција во Брисел.

Таа додаде дека Русија, според оценките на ЕУ, „губи на бојното поле“ и повторно се насочува кон напади врз цивили и цивилна инфраструктура.

Хипер посочи дека во нападите било погодено и седиштето на цивилната мисија на ЕУ во Киев, што го оцени како „непромислен напад“.

Европската унија, поради најновите случувања, повика руски дипломат на разговор.

Според ЕУ, потезите на Москва покажуваат дека Русија „воопшто не е заинтересирана за мир“ и дека не ги почитува мировните напори.

Од Брисел најавија продолжување на помошта за Украина, вклучително и дополнителна противвоздушна одбрана и финансиска поддршка.

Русија претходно ги повика жителите на Киев, како и дипломатите и вработените во меѓународните организации, што побрзо да го напуштат градот поради планирани напади врз објекти поврзани со украинската воена индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…