Албанија влегува во последната фаза од преговорите со ЕУ
Албанија денеска во Брисел влегува во нова фаза од преговорите со Европската Унија, со осмата Меѓувладина конференција меѓу Тирана и Брисел. Состанокот се одржува на 26 мај 2026 година и треба да го потврди исполнувањето на привремените услови од кластерот „Основи“, што е најчувствителниот дел од пристапниот процес, јавуваат медиумите.
На конференцијата ќе се утврдат и завршните критериуми за кластерот 1, кој ги опфаќа правосудството, основните права, правдата, слободата и безбедноста, функционирањето на демократските институции, јавната администрација, економските критериуми, јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Тоа практично значи дека Албанија од фазата на отворање поглавја се движи кон фазата во која треба да почне да ги затвора преговарачките обврски.
Албанската делегација ја предводи премиерот Еди Рама, додека од европска страна на состанокот учествуваат претставници на Советот на ЕУ и комесарката за проширување Марта Кос. Рама пред конференцијата порача дека Албанија е „поблиску од кога било“ до Европската Унија и дека очекува земјата да стане полноправна членка до 2030 година.
Напредокот на Албанија не е изолиран дипломатски настан, туку резултат на забрзана динамика во последните две години. Европската комисија наведува дека земјата го отвори кластерот „Основи“ во октомври 2024 година, а до ноември 2025 година го заврши скрининг-процесот во сите шест преговарачки кластери. Во декември 2025 година Албанија го отвори и последниот преговарачки кластер, со што формално ги стави во движење сите 33 поглавја.
Оваа динамика ја менува и регионалната слика. Албанија, која долго време беше дел од истиот пакет со Македонија, сега влегува во фаза во која нејзиниот европски процес се мери со затворање критериуми, а не само со политички ветувања. За Македонија тоа е непријатен контраст: додека Тирана го користи отворениот прозорец за проширување, Скопје останува заглавено меѓу уставните измени, домашната политичка блокада и недовршената европска агенда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија влегува во последната фаза од преговорите…
Албанија денеска во Брисел влегува во нова…
Русија предупреди на „системски напади“, ЕУ им…
Европската унија соопшти дека нејзините дипломати остануваат…
Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема повеќе…
Прмиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со…
Левица: Македонија да излезе со официјален став…
Од политичката партија Левица бараат Македонија да…
Петер Маѓар: ЕУ прво да го прими…
Унгарскиот премиер изјави дека Европската Унија треба…