Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар повеќе не е дел од САС

t

Владиката Петар повеќе не е дел од постојаниот, односно работниот состав на Светиот архијерејски синод (САС) на МПЦ-ОА, откако му истече мандатот. На негово место, Синодот во полн состав го избра митрополитот Наум, додека за негов заменик е назначен митрополитот Пимен.

Со ова, во наредниот период тричлениот работен состав на САС на МПЦ-ОА ќе го сочинуваат архиепископот Стефан, како и митрополитите Наум и Агатангел.

На денешната седница, Синодот формираше и посебна комисија која ќе ја разгледува материјално-финансиската состојба на новоформираните епархии. Засега нема одлука во однос на барањата на поранешните членови на ПОА.

Во соопштението на САС на МПЦ-ОА не се наведува дали на седницата биле разгледувани некои од барањата на владиката Петар.

Во официјалното соопштение се наведува дека Синодот ги разгледал и усвоил годишните извештаи од епархиите во земјата и дијаспората, при што посебно внимание било посветено на демографските состојби кај македонскиот православен народ.

„Воден од пастирска грижа, Светиот архијерејски синод, одлучи да формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства.“

Синодот се осврнал и на состојбата со духовното и културното наследство во македонските храмови и манастири, оценувајќи дека недостигот од стручни кадри за конзервација претставува сериозен проблем.

„Разгледувајќи ја состојбата на духовното и културно богатство на македонските храмови и манастири, Синодот со жалење констатираше дека заради немање доволно стручни кадри кои би го конзервирале, тоа се наоѓа во лоша состојба. Светиот Синод апелира до надлежните институции неодложно да преземат соодветни мерки со цел да го зачуваме она што ни е оставено од нашите претходници.“

Во продолжение од соопштението се потврдува изборот на новиот член на работниот состав на Синодот.

„За нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот беше избран Митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик Митрополитот Европски г. Пимен. Исто така, Синодот формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии.“

САС на МПЦ-ОА ја поздравил и работата на Богословијата како воспитно-образовна институција под капата на Црквата.

„Како основач на воспитно-образовните институции при МПЦ – ОА, Синодот ја поздрави работата на Управата на Богословијата, која учебната 2025/26 година спроведе наставна програма од 4 години, а денот за упис на нови ученици ќе биде на 19 јуни 2026 година“, стои во соопштението на САС на МПЦ-ОА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…

Владиката Петар повеќе не е дел од…

МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…

ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…

Кога Господ Исус наврши триесет години од…

МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…

Бигорскиот манастир повиква на разум и зачувување…

Откако поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан го…