САД најавуваат нови царини кон Канада и Мексико
Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (USMCA).
Грир нагласи дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и дека воведувањето царини е неопходно поради големиот трговски дефицит.
„Ќе мора да воведеме царини сè додека го имаме овој голем трговски дефицит“, изјави тој на форум, додавајќи дека САД во последниот период разговарале со неколку земји за потребата од одредени царински мерки.
Договорот USMCA ја замени Северноамериканската зона за слободна трговија (NAFTA) од 1994 година. Канада беше последната земја што го ратификуваше новиот договор во март 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Канадски претприемач гради 99 куќи за да…
Канадскиот претприемач Марсел Лебрун ја продаде својата…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…
Во време кога војната со Иран почнува…