Филипче: Граѓаните одлучуваат за патот на земјата кон ЕУ, власта да распише референдум
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, денеска ја повика власта да распише референдум за граѓаните да одлучат за иднината на земјава и за нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова не е политичко, рече Филипче на денешната прес-конференција, туку референдумско и прашање за секој еден граѓани.
„Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Мора граѓаните да одлучат за тоа, затоа што тие ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицкоски. Тие се едиствени што може да одлучат за својата судбина. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на граѓаните“,рече Филипче на денешната прес-конференција.
Опозицискиот лидер ја прокоментира вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој за време на заедничката прес-конференција со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ, рече дека актуелната власт нема намера да прави идентитетски отстапки и дека е подготвена да ја плати цената за тоа.
„Се поставуваат две прашања – кои се тие отстапки и кои се тие што ќе ја платат цената. За отстапките слушнавме и досега, сè што кажаа всушност е една голема лага. Мицкоски самиот призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката рече дека со договорот е потврден идентитетот и јазикот. Муцунски го слушнавме како вели дека со влезот во НАТО е гарантирана безбедноста и се подобрува бизнис-климата во државата. Кој ќе ја плаќа цената?Тоа нема да биде Мицкоски и неговите соработници, неговите министри, тоа нема да биде неговата криминална банда. Цената ја плаќаат сите граѓани, цената ќе ја платиме сите ние“рече Филипче.
Во однос на повикот на Мицкоски за обединување, лидерот на СДСМ рече дека за него и за партијата што ја предводи обединување значи единствено спроведување на уставните измени.
„Што за Мицкоски значи обединување? Нема да застанеме зад него за тој и неговата банда да продолжат со своите погрешни политики. Јас во неколку наврати икажав што за нас значи национално обединување – да се направат уставните измени зашто тоа не е никаков ризик ни по јазикот ни по идентитетот, а тоа е потврдено со документи“додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Граѓаните одлучуваат за патот на земјата…
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, денеска…
За три години населението во Македонија се…
Европската Унија во 2025 година била дом…
Демографска трансформација на Европа: Се раѓаат помалку…
Европската Унија влегува во длабока демографска трансформација:…
Трајанов: Македонија е пред Албанија и Црна…
Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, говорејќи…
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…