Зеленски му пиша писмо на Трамп: „Ситуацијата е критична…“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го за растечкиот недостаток на украински системи за воздушна одбрана, особено на антибалистички одбранбени капацитети, објави „Киев Индепендент“.
Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран напади со долг дострел врз Киев, вклучително и напади врз локации опишани од Москва како „центри за донесување одлуки“ на Украина.
„Што се однесува до противвоздушната ракетна одбрана, ние се потпираме на нашите пријатели“, се вели во писмото до кое дошол „Киев Индепендент“. „Но, кога станува збор за балистичка ракетна одбрана, ние зависиме речиси исклучиво од САД“.
Украинските власти стравуваат дека ограничената понуда на пресретнувачи „Патриот“ и други западни системи ќе имаат потешкотии да издржат вакво ниво на бомбардирање. „Ситуацијата е навистина тешка во однос на антибалистичката одбрана“, изјавил за „Киев Индепендент“ лице запознаено со ова прашање.
Според официјални лица, украинската амбасадорка во САД, Олха Стефанишина, го предала писмото до Белата куќа, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, и други членови на Конгресот.
Писмото, исто така, ја одразува растечката загриженост на Киев поради тешкотиите во набавката на оружје преку програмата „Приоритетна листа на барања за Украина“ (PURL), која им овозможува на сојузниците на НАТО да го финансираат купувањето американско оружје за Украина.
„Сегашната динамика на испораките преку програмата PURL повеќе не одговара на реалната закана со која се соочуваме“, се вели во писмото. „Ве молиме помогнете да се заштити украинското небо од руските ракети“.
„Во име на украинскиот народ, со почит ги молам претседателот и американскиот Конгрес да останат ангажирани“, се вели во него. „И да ни помогнат да го обезбедиме ова клучно средство за заштита од рускиот терор – ракетите „Патриот ПАК-3“ и дополнителните системи – за да ги запреме руските балистички ракети и другите ракетни напади.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Вистинската војна со Германија започнува
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Српската академска заедница бара Фон дер Лајен…
Членовите на Академската заедница на Србија денеска…
Груби и Димовски не се чувствуваат виновни…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби кој од…
Шест активни пожари и девет под контрола…
На ден 07.09.2026 година, до 13:00 часот,…
Од среда нестабилно време со пороен дожд,…
Во среда и четврток претпладне времето ќе…