Таравари: Рама и Курти да ги повикаат лидерите на албанските партии од Македонија за да се постават црвените линии

t

Повикот на Зијадин Села за заедничка тркалезна маса на парламентарните партии на Албанците во Македонија е невозможна мисија за Арбен Таравари. Според лидерот на едното од неколкуте крила на Алијанса за Албанците, кој и да повика на такво нешто, друг нема да прифати.

„Би било многу добро да се направи тоа, но тоа е невозможна мисија. Кој не би го прифатил? Ако ВЛЕН повика, ДУИ и АА нема да прифатат. Ако АА повика, ВЛЕН нема да го прифати“, кажа претседателот на едното крило на Алијанса.

Таравари размислува поинаку. Според него, двајцата премиери на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, треба да ги соберат лидерите на албанските партии од Македонија на заеднички состанок, каде што би се дефинирале „црвените линии“ за да, како што рече, нема да има регресија за правата на Албанците.

„Јас го гледам ова поинаку. Мислам дека проблемот на проблемите на Албанците во Македонија се двајцата албански премиери. Мислам дека главната рефлексија треба да дојде од двајцата премиери. Г-дин Курти и г-дин Рама имаат обврска да ги поканат сите лидери на политичките партии на заеднички ручек. Таму треба да се постават црвени линии за правата што Албанците мора барем да ги задржат, за да не назадуваме“, изјави Таравари во емисијата „Клик плус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ