Јаневска во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“

t

Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда.

-Студентите добиваат модерни европски стандарди, студентски домови. И од сега па натаму нема бркање глодари, нема бркање инсекти, ќе имаат соодветна храна, ќе имаат соодветно сместување. Нема лепење прозорци, нема лифтови што се клатат, нема има топла вода, нема струја. И како што можете да видите, ова е сосема реално – изјави Јаневска.

Министерката потенцира дека од септември ќе има изградба и реконструкција на останатите седум други студентски домови во исто време. Станува збор за студентските домови во Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Пелагонија и кујната во Гоце. Работите ќе се одвиваат истовремено во зависност од големината на домот, реконструкциите и енергетската ефикасност, а ќе траат година и половина до две години.

-За две години ќе имаме комплетно нови студентски домови со европски стандарди – рече Јаневска.

Нема студентски домови за богати и сиромашни, додаде таа посочувајќи дека сите студентски домови ќе бидат со ист квалитет за сите студенти во земјата.

-Токму поради тоа ние направивме и некои измени и дополнувања во финансирањето, за да може директорот, веќе е тука да ви каже дека и понатаму во иднина да ги одржуваме овие студентски домови такви какви што ќе бидат предадени, а не во оваа состојба во која што ние ги затекнавме – рече Јаневска.

За тоа каде ќе престојуваат студентите додека трае реконтрукцијата информираше дека Министерството не го пропуштило тој елемент и дека во различни градови различно се решава проблемот.

-Во дел студентите ќе бидат во закупен приватен студентски дом. Во друг град ќе бидат во обезбеден простор – интересорска соработка со две министерства,  во трет град ќе бидат користени дел од ученичките домови.

Ниеден студент нема да остане на улица, сите ќе си го добијат она што им следи тоа што е нивно право – посочи министерката за образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…

По скратена постапка денес во Собранието беа…

Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…

Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…

60 проценти покачување на платите за наставниците…

Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат…

Македонија ќе добие поддршка од Египет за…

Македонија ќе добие поддршка во напорите за…

Македонец освои прво место на престижен светски…

Група студенти од Универзитетот во Марибор, Словенија,…