Трајковски: Ова е Македонија – Од Словенија ни ги враќаат „докторите“ со дипломи од универзитетот „Гоце Делчев“ поради крајна нестручност

t

Професорот Дејан Трајковски сподели видео кое покажува каков проблем има државата со нестручни кадри, особено во медицината. Според објавеното, од Словенија ни ги враќаат „докторите“ со дипломи од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ поради крајна нестручност.

Поради постојано молчење и некаква политичка и колегијална коректност, високото образование дојде дотука. Секоја чест за докторот што изнесе на виделина важни факти, да се надеваме дека надлежните ќе се разбудат. Ако наместо декларативни, постоеја вистински заложби за квалитет на високото образование, а институциите работеа како што треба, досега ќе имаше ревизија на работењето. Но, ова е Македонија..

Во објавеното видео зборува специјалистот анестезиолог, Иван Костадинов од Кочани, кој поради корупција, непотизам и неможноста да се вработи на неопределено како лекар во Македонија, се преселил во Љубљана, Словенија. Тој открива шокантни информации за тоа како директор на кочанската болница земал мито за вработување на доктори, за тоа какви лекари завршуваат на штипскиот универзитет, но и за тоа колку македонското здравство е далеку од европските стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…