Бројот на невработени е намален за 1% во првото тримесечје од 2026 година

t

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти.

Како што информира Државниот завод за статситика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се мажи, а 42,1 проценти се жени.

Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94 197, што е за 4,3 отсто повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 отсто има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 проценти во секторот Градежништво.

Според Државниот завод за статситика, активното население брои 797 884 лица од кои вработени се 707 385, а невработени 90 499 лица. Стапката на активност е 52.5, на вработеност 46.5, додека стапката на невработеност изнесува 11.3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на невработени е намален за 1%…

Бројот на невработени лица во првото тримесечје…

Поскапуваат горивата од полноќ

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со…

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за…

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски –…

Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…

Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица…

Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени…