„Големи промени“ – По 16 години власт на Орбан, одобрена Парадата на гордоста во Будимпешта
Унгарската полиција одобри одржување на Парадата на гордоста во Будимпешта следниот месец, што претставува голем пресврт во однос на минатата година, кога властите, по налог на тогашната десничарска влада на Виктор Орбан, се обидоа да го забранат настанот.
Според пишувањето на „Гардијан“, политичката промена доаѓа по изборните случувања во април, кога беше сменета националистичката влада на Орбан, која владееше 16 години. Во претходниот период, партијата Фидес на Орбан усвои закон кој за првпат во поновата историја на Европската Унија создаде правна основа за ограничување или забрана на вакви настани, под образложение за „заштита на децата“.
Организаторите на Будимпештанскиот Прајд ја известиле полицијата дека на 27 јуни планираат да ја одржат 31-та Парада на гордоста, изразувајќи уверување дека настанот ќе се одржи, особено по одлуката на највисокиот суд на Европската Унија, кој оцени дека делови од унгарското законодавство поврзано со ЛГБТК+ заедницата се дискриминаторски и спротивни на европските правила.
Унгарската полиција потврди дека дала дозвола за одржување на парадата и соопшти дека не постојат причини за нејзина забрана. Во исто време се одобрени и три најавени контрапротести, со ограничувања и со одредена просторна оддалеченост од главниот настан.
И покрај претходните ограничувања, минатогодишната Парада на гордоста во Будимпешта, според организаторите, собра рекордни 200.000 учесници и беше оценета како симбол на граѓански отпор кон политиките на претходната власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До 2029 година на Германија ќе ѝ…
Германија до 2029 година би можела да…
Седум аеродроми затворени по ерупциите на вулканот…
Седум аеродроми во Индонезија, вклучувајќи два што…
Иран ги отфрли изјавите на Доналд Трамп…
Иран најавува дополнително заострување на мерките во…
Попушта ли Зеленски околу територијалните прашања: „Тоа…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Трамп предлага сојузната држава Ново Мексико да…
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи сојузната држава…