Објавено на:

Унгарија деблокираше 16,4 милијарди евра од фондовите на ЕУ

t

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска постигна договор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за деблокирање на речиси сите средства за закрепнување и кохезија наменети за Унгарија. Со тоа, на владата ѝ е овозможен пристап до 16,4 милијарди евра кои беа замрзнати за време на претходната власт, пишува „Еуроњуз“.

Фон дер Лајен го пофали Маѓар што „во рекордно време“ формирал влада и за само неколку недели започнал, како што оцени, „долго одложувани реформи“. Таа најави дека на Унгарија ќе ѝ бидат исплатени 10 милијарди евра од Механизмот за закрепнување и отпорност, воспоставен по пандемијата.

„Верувам дека напорната работа сега навистина се исплатеше“, додаде таа. Покрај тоа, најавено е и ослободување на 4,2 милијарди евра од кохезиските фондови, како и дополнителни 2,2 милијарди евра од посебна транша во рамки на истиот пакет.

Петер Маѓар победи на парламентарните избори во април, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Брисел ги суспендираше средствата за време на мандатот на Орбан поради загриженост околу корупцијата и состојбата со владеењето на правото.

„Потребни беа три недели за да се направи она што Виктор Орбан не успеа да го постигне за три години“, изјави Маѓар пред новинарите, додавајќи дека „се бореле за целиот износ“.

За процесот на целосно ослободување на средствата да биде завршен, Унгарија сè уште треба да исполни низа услови, таканаречени „супер-пресвртници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија деблокираше 16,4 милијарди евра од фондовите…

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска постигна договор…

Зеленски: Русија подготвува нов голем напад врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во…

Приведени осум лица во случаи поврзани со…

Во текот на изминатото деноноќие, на целата…

Медведев им се закани на граѓаните на…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

Трамп ја укинува американската блокада на Ормускиот…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на…