Денес е Духовденска задушница

t

Денот се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата”.

На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Посебен режим на сообраќај во сабота и…

Поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…

За Задушница ќе се пуштат дополнителни автобуси

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница,…