Објавено на:

Министерство за култура: Документарниот филм „Слушни ме“ е поддржан поради неговата едукативна и инклузивна димензија

t

Министерството за култура и туризам вечерва соопшти дека со внимание ги следи реакциите во јавноста во врска со одлуката за поддршка на документарниот филм „Слушни ме“, наведувајќи дека тој не се занимава исклучиво со музичката кариера на Слаткаристика, туку дека станува збор за документарен проект со јасна општествена, едукативна и инклузивна димензија.

Според ресорното Министерство, филмот преку личната приказна на артистот ја отвора темата за говорните и комуникациските потешкотии кај децата и младите и ја истражува улогата на музката и уметноста како можни алатки за надминување на овие предизвици, испраќајќи со тоа порака за прифаќање, еднакви можности и општествена инклузија.

„Ја разбираме чувствителноста на јавноста кога станува збор за распределба на буџетски средства и сметаме дека е важно граѓаните да бидат целосно информирани за причините поради кои овој проект доби поддршка“,велат од Министерството за култура и туризам.

Оттаму наведуваат дека проектот веќе има обезбедено значителен дел од финансиската конструкција преку спонзорства и партнерства, како и поддршка од програмата Creative Europe MEDIA, Министерството за здравство и ЈЗУ „Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација“. Средствата одобрени преку конкурсот на Агенцијата за филм, според Министерството, претставуваат мал дел од вкупниот буџет и изнесуваат само 1,6 проценти од средствата распределени за поддржаните филмски проекти во овој конкурсeн рок.

Истовремено, додаваат оттаму, најголемиот дел од расположливите средства се насочени кон проекти на автори и режисери кои веќе имаат значајни меѓународни признанија и резултати, меѓу кои се Георги М. Унковски, Јани Бојаџи, како и Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, авторите на „Медена земја“. Ова, според Министерството за култураи туризам, потврдува дека институциите остануваат доследни на стратешката определба за поддршка на квалитетни филмски проекти кои ја афирмираат македонската кинематографија на меѓународната сцена.

„Нашата обврска е да поддржуваме разновидни филмски проекти кои покрај уметничката вредност носат и општествена корист. Веруваме дека културата не е само простор за уметнички израз, туку и важен механизам за отворање општествени теми, поттикнување емпатија и создавање поинклузивно општество. Затоа, поддршката на ‘Слушни ме’ треба да се гледа пред сè како поддршка на една значајна општествена тема и на филм кој има потенцијал да придонесе кон поголема свест, разбирање и поддршка за лицата со говорни и комуникациски потешкотии“,се вели во соопштението.

Дополнително, во него се наведува дека продуцент на „Слушни ме“ е „ОХО продукција“, која во моментов е ангажирана на реализација на ТВ серија и документарев филм посветени на животот и творештвото на Тоше Проески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кичево промовирана книгата „Чувства на хартија“…

Вчера вечер, во Центар за култура „Кочо…

Љутков: Посветени сме на заштита и унпаредување…

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков…

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска…

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската…

Левица: Министерот – глумец контра правата на…

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…

„Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како…

Македонскиот бенд  D’Reamers ја претстави својата нова…