Објавено на:

Потона туристички брод кај Мармарис

t

Туристички брод под име „Големиот шеф“, кој бил на дневно крстарење во близина на познатото турско одморалиште Мармарис, почнал да се полни со вода и за кратко време целосно потонал во близина на Рајскиот Остров.

Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.

Како што се наведува во писменото соопштение на гувернерот на областа Мугла, веднаш по пријавата за потонување на бродот, на кој се наоѓале вкупно 148 лица (120 возрасни, 20 деца и 8 членови на екипажот), спасувачките тимови биле брзо мобилизирани и упатени на терен.

Благодарение на брзата координација на професионалните спасувачки служби и солидарноста на околните пловни објекти кои веднаш пристигнале на помош, избегната е огромна трагедија.

Сите патници и членови на екипажот биле навремено и безбедно евакуирани од бродот и успешно префрлени на копно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потона туристички брод кај Мармарис

Туристички брод под име „Големиот шеф“, кој…

Тројца мртви во американски напад врз брод…

Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…

Товарен брод погоден со проектил во близина…

Товарен брод се запалил во близина на…

Во Арапското Море киднапиран уште еден товарен…

Инцидентот бил пријавен во четвртокот во близина…

Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел

Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…