ЕУ со јасна цел: „Генерација без тутун“ до 2040 година!
Европската унија ја засилува борбата против пушењето и пасивната изложеност на чад, со нови препораки за проширување на зоните без чад и аеросоли. Целта е до 2040 година помалку од 5 проценти од населението во ЕУ да користи тутунски производи, како дел од европската стратегија за создавање „генерација без тутун“.
Според податоците прикажани во графиконот, стапките на пушење во земјите членки на ЕУ и натаму значително се разликуваат. Највисока стапка има Бугарија со 37 проценти, потоа Грција со 36 проценти и Хрватска со 35 проценти. На спротивниот крај е Шведска со 8 проценти, која е најблиску до европската цел од 5 проценти.

Советот на ЕУ во најновата препорака бара посилна заштита од чад и аеросоли во јавни простори, при што фокусот повеќе не е само на класичните цигари, туку и на електронските цигари, загреаните тутунски производи и други производи што испуштаат аеросоли.
Препораката опфаќа проширување на зоните без чад на места каде често престојуваат деца, млади и ранливи категории граѓани. Меѓу нив се детските игралишта, базените, плажите, зоолошките градини, како и отворените и полуотворените делови на рестораните, баровите и кафулињата.
ЕУ бара посилна заштита и на простори поврзани со јавниот превоз, како автобуски, трамвајски и железнички постојки, но и околу здравствени установи, училишта, универзитети и работни места.
Според податоците од Евробарометарот за 2023 година, 74 проценти од граѓаните во ЕУ изјавиле дека во последните шест месеци биле изложени на пушење на отворени тераси, додека 71 процент забележале употреба на електронски цигари и загреани тутунски производи на такви места.
Во документите на ЕУ се наведува дека пушењето останува еден од најголемите превентивни здравствени ризици во Европа. Посебна загриженост предизвикува изложеноста на деца и млади, бидејќи токму кај оваа група постои ризик никотинските производи да станат вовед во редовна употреба на тутун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ со јасна цел: „Генерација без тутун“…
Европската унија ја засилува борбата против пушењето…
„Алколок“ системот станува задолжителен во ЕУ: На…
Од 7 јули, Европската Унија воведува ригорозно…
Кајзер: Клучен приоритет на Словенија е проширување…
Поранешниот словенечки амбасадор, Тоне Кајзер порача дека…
Туск по заканите од Медведев: НАТО конечно…
Полскиот премиер Доналд Туск упати сериозен апел…
ВМРО-ДПМНЕ: Без гаранции од ЕУ нема да…
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за…