20 ученици од скопско училиште со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали е труење или вирус
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале лекарска помош поради симптоми како гадење, повраќање и дијареја, што отвори сомнежи дали станува збор за труење со храна или за вирусно заболување.
Според информациите од здравствените установи, околу 15 деца биле прегледани на Детската клиника до вчера, објави 4news.mk. Најголемиот дел од нив имале полесна клиничка слика и биле пуштени на домашно лекување. Само едно дете било задржано на болнички третман, но по стабилизирање на состојбата денеска е пуштено дома.
Од Клиниката за инфективни болести информираат дека биле прегледани четири деца и едно возрасно лице со симптоми на повраќање и дијареја. Кај ниту еден од пациентите не била утврдена потреба од болничко лекување.
Според првичните епидемиолошки анкети, досега не е утврдена заедничка консумација на храна кај сите заболени, поради што здравствените власти не сакаат да шпекулираат за причините додека траат проверките.
Загриженост изразија и родителите. Еден од нив навел дека неговото дете било земено од училиштето уште претпладне поради повраќање и очекува надлежните институции да ги утврдат причините за појавата на симптомите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Долни Балван на протест против…
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…
Бебе од Куманово заврши во болница по…
Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…
Епидемиолози влегоа во скопското ОУ „Невена Георгиева…
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…
20 ученици од скопско училиште со симптоми…
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…
Киднапирани 42 ученици во Нигерија
Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али…