Златото денес се тргува по 124 евра за грам
Цената на златото денес 124 евра за грам или унца (31,1 грам) се тргува за 3.876 евра. Гледано наназад мај донесе уште еден силен месец за златото, кое остана меѓу најбараните инвестиции на светските пазари. Благородниот метал во најголемиот дел од месецот се тргуваше на историски високи нивоа, а цената на инвестициското злато се движеше над 100 евра за грам, потврдувајќи го интересот на инвеститорите за сигурни вложувања во време на глобална неизвесност.
Аналитичарите посочуваат дека зад растот стојат повеќе фактори – од геополитичките тензии и неизвесноста околу монетарните политики, до зголемената побарувачка од централните банки ширум светот.
Во просек, еден грам чисто инвестициско злато во мај чинеше меѓу 103 и 109 евра, што претставува значително повисоко ниво во споредба со истиот период лани. Ова дополнително ја зацврсти позицијата на златото како средство за заштита на капиталот во услови на нестабилни финансиски пазари.
Иако првиот ден од јуни донесе благо намалување на цената, експертите сметаат дека станува збор за краткорочна корекција по силниот раст во претходните недели. Според нивните проценки, златото и понатаму ќе остане во фокусот на инвеститорите, особено ако продолжат економските и политичките неизвесности на глобално ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
Падна цената на златото на светските берзи
Падна златото на светските берзи. Цената за унца…
Златото денес чини 126 евра за грам
Цената на златото денес на светските пазари…
Денес грам злато чини 130 евра
Цената на златото на светските пазари денес…
Златото поевтино од вчера, грам се тргува…
Цената на златото денес на светските берзи…