Објавено на:

Макрон: Франција заплени руски танкер за нафта во Атлантскиот Океан

t

Франција и нејзините сојузници го запленија санкционираниот руски танкер за нафта „Тагоре“ во Атлантскиот Океан во текот на викендот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, објави АФП.

„Тагоре“ беше запленет во недела наутро (31 мај) во меѓународни води со помош на Велика Британија и други партнери, рече Макрон во објава на социјалните медиуми. „Неприфатливо е бродовите да ги заобиколуваат меѓународните санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години“, рече францускиот претседател.

Од септември, Франција инспектираше уште три брода за кои се верува дека припаѓаат на руската „флота во сенка“. Откако нивните сопственици платија казни, бродовите беа ослободени. Таканаречените бродови од „флотата во сенка“ често го менуваат своето знаме, практика позната како „скокање на знамето“ или користат неважечки регистрации за да избегнат следење. По руската инвазија на Украина во 2022 година, голем број западни земји воведоа санкции врз стотици бродови поврзани со руската „флота во сенка“. Речиси 600 бродови за кои се сомнева дека се дел од оваа мрежа се предмет на санкции од страна на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…

Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…